• Саше Љолес
Македонскиот фудбалер Леонид Игнатов официјално потпиша договор со ФК Вележ Мостар, каде се обврза на соработка до крајот на 2027 година.
Игнатов е роден во Скопје и својата кариера ја започна во младинските категории на Вардар. По пробивањето во првиот тим на Вардар, тој имаше краток престој во Хајдук Сплит, пред да се врати во Македонија и да игра за неколку клубови, меѓу кои Скопје, Силекс и Арсими, од каде што доаѓа во Вележ.
Игнатов e најавен како крилен напаѓач/офанзивен играч, позиција на која се очекува да донесе брзина, креативност и нови офанзивни опции за тимот на Вележ. Тој мина низ младинските репрезентативни селекции на Македонија и има богато искуство за својата возраст, што го прави едно од најперспективните засилувања за босанскиот првак.
Од клубот Вележ истакнаа дека очекуваат Игнатов да ја поддржи екипата во остварување на високите цели и да биде важен дел од офанзивата во првенството на БиХ.





