• Саше Љолес

Португалскиот фудбалски стручњак, Леонардо Жардим, официјално е поставен за нов тренер на бразилскиот гигант, Крузеиро.
Жардим доаѓа на местото на Фернандо Динис, кој доби отказ минатата недела после серија лоши резултати, а воедно управата имаше и голем притисок од навивачите. Новиот тренер доби договор до крајот на сезоната 2025/26 и веднаш изрази задоволство од соработката.
„Пресреќен сум што дојдов во Крузеиро. Наскоро ќе ѝ се приклучам на екипата, едвај чекам да започнеме со работа“, напиша Жардим на социјалните мрежи.
Поранешниот предводник на Монако пристигна во Бразил од тимот на Ал-Аин, каде неодамна го раскина договорот и стана слободен агент. Претходно беше тренер на Спортинг, Олимпијакос, Брага, Беира-Мар и уште неколку португалски клубови.