Леонардо ги носи Донарума и Милинковиќ-Савиќ во ПСЖ!?

Донарума

По шест години, Бразилецот Леонардо повторно се врати во ПСЖ како спортски директор. Тој не чекаше многу за да започне први контакти за потенцијални засилувања во пресрет на новата сезона. На неговата листа се две имиња од Италија, едното од Милано, а другото од Рим.

Се работи за Џанлуиџи Донарума, талентираниот голман на Милан, и Сергеј Милинковиќ-Савиќ од екипата на Лацио. За италијанскиот репрезентативец „светците“ ќе понудат 60 милиони, додека за Србинот би се издвоиле 75 милиони евра.

Францускиот првак ја заврши сезоната со проблеми. Незадоволства се појавија кај првите ѕвезди Нејмар и Килиан Мбапе, за кои се шпекулира дека би можеле да го напуштат Париз во текот на летото.

Првакот на Франција веќе го договори првото засилување, Андер Херера, кој доаѓа без обештетување од Манчестер Јунајтед