• Иван Димовски
Екс-репрезентативецот на Македонија, Леонард Жута, го напушти таборот на Валеренга. По две сезони во кои настапуваше во Норвешка, левиот бек се раздели со доскорешната екипа.
Жута се врати во родната Шведска, каде што ќе настапува за екипата на Бромапојкарна. Со шведскиот колектив, бекот кој има потекло од Македонија парафира договор на две ипол години.
„Убаво е чувството да се вратам во Шведска по неколку сезони во странство. Носам големо искуство од настапите во различни средини. Сега сакам да се обврзам со Бромапојкарна и да напредуваме во шведското првенство“, изјави бекот.
Кариерата на Жута тргна во редовите на Хакен во кој имаше две епизоди. Покрај за овој шведски колектив, тој настапуваше и за екипите на Ријека, Коњаспор и Лече.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.