• Иван Димовски
Македонскиот интернационалец, Леонард Жута се реши за нов предизвик во својата кариера и потпиша со норвешкиот тим Валеренга.
28-годишникот се враќа во Скандинавија, каде што претходно настапуваше за екипата на Хакен од Шведска. Валеренга бараше замена на левата бековска позиција, а според нивните зборови, Жута е идеално решение, бидејќи го познава тамошниот фудбал.
Vi har gleden av å presentere vår nye venstreback, Leonard Zuta.https://t.co/BNPINnXSJq
— Vålerenga Fotball (@ValerengaOslo) July 30, 2021
Освен во Хакен, Жута во својата кариера беше дел и од Ријека и Коњаспор, додека последниот ангажман го имаше во италијанскиот Лече.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.