Леон Најдовски најново засилување на прилепска Победа

Прилепска Победа го ангажира 25-годишниот дефанзивец Леон Најдовски. Станува збор за фудбалер кој настапува на позицијата централен дефанзивец, а во својата досегашна кариера настапувал за Работнички, Македонија ЃП и Тетекс.

Најдовски треба да биде големо засилување за ранливата одбрана на Победа, која игра променливо и со млада екипа во подготвителниот период.

Овој фудбалер се надоврзува на Магловски, Јовановски и Наумоски, кои минатата недела му пристапија на прилепскиот второлигаш.

Победа второлигашката конкуренција ја почнува на 24 август во Македонска Каменица против Саса.