Лео Меси со хет-трикот за Аргентина израмни голем рекорд на Кристијано

Лионел Меси имаше спектакуларен натпревар за Аргентина и беше лидер во првиот меч по кам-бекот за националниот тим во победата над Боливија од 6-0.

Фудбалскиот феномен постигна три гола, а зад своето име запиша и уште две асистенции. Со хет-трикот во мрежата на Боливијците, Меси израмни голем рекорд на Кристијано Роналдо.

За Лионел Меси, ова беше десетти хет-трик за националниот тим на Аргентина. Така сега и Роналдо и Меси имаат натпревари со по три или повеќе голови за своите земји.

Зад двајцата останува Иранецот Али Даеи кој за својот национален тим има постигнато девет хет-трика.