ВИДЕО: Лео Меси со две асистенции ја отвори новата сезона во МЛС

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси имаше добар старт на сезоната во МЛС-лигата на личен план, но неговиот Интер Мајами одигра изненадувачко реми со Њујорк Сити (2-2).

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот беше двоен асистент за тимот чиј газда е Дејвид Бекам. Меси асистираше во 5. минута до Авилес и потоа во самиот финиш во 100. минута до Сеговија.

Њујорк Сити ја искористи бројчаната предност на терернот, затоа што Интер Мајами играше со играч помалку скоро цел меч. За тимот стрелаа Словенецот Иленич во 26. минута и Костариканецот Мартинез во 55. минута.

Во следното коло на МЛС-лигата, Интер Мајами го чека гостување кај Хјустон Динамо.