Лео Антонио заминува од Брера и ќе настапува во Србија

Македонскиот прволигаш Брера Струмица откри дека во следната сезона нема да може да смета на Лео Антонио. 

27-годишниот Бразилец се сели во редовите на Спартак Суботица, откако мина една сезона во редовите на Брера во ПМФЛ. Минатата сезона Антонио запиша 28 натпревари во прволигашката конкуренција, запиша гол и две асистенции. 

Пред настапите за Брера, бразилскиот фудбалер за врска беше дел од украински Лвив, а претходно настапуваше за Џиугас во Литванија, како и Гонкаленсе у Португуеса во родниот Бразил.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.