ВИДЕО: Ленс започна победничка серија, Анжер ја одбрани честа на домаќините

По стартниот проаз кај Ница, екипата на Ленс врза втора победа во низа и се искачи на третото место на табелата во Франција. Денес фудбалерите на Френк Хејс славеа на гости кај Лориент (2-3) и запишаа нови три бода на своето конто.

Резултатот првично беше отворен од домашниот тим преку Грбиќ. Меѓутоа остатокот од натпреварот им припадна на гостите, кои постигнаа три гола и направија пресврт. Какута од пенал израмни, а три минути подоцна Медина донесе прва предност за Ленс.

Во вториот дел се играше на средината од теренот, а гостинската екипа успеа да искористи уште една шанса и да ја потврди победата. Тоа го направи Ганаго во 63. минута од натпреварот.

  • Лориент - Ленс 2-3:

Нов гол за Лориент во завршницата постигна Виса, кога немаше надеж за било какво изненадување.

Гостински победи запишаа Брест кај Дижон (0-2) и Рен кај Ним (2-3),а домашниот терен го одбрани Анжер во дуелот Ремс (1-0).

  • Ним - Рен 2-4: 

  • Анжер - Ремс 1-0: