ВИДЕО: Ленс за првпат во историјата го освои Купот на Франција

Ленс испиша историски успех и за првпат во својата историја го освои Купот на Франција, откако во финалето на „Паркот на принцовите“ со 3-1 ја совлада Ница. Францускиот фудбал оваа сезона донесе повеќе убави и неочекувани приказни, а Ленс се приклучи на листата клубови кои успеаја да прекинат долгогодишен трофеен пост.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот од северна Франција одигра одлично финале и уште во првото полувреме направи голем чекор кон трофејот. Флоријан Товен го отвори резултатот во 25. минута, а Одсон Едуар зголеми на 2-0 непосредно пред паузата. Ница успеа да ја врати неизвесноста во судиското продолжение на првиот дел преку Џибрил Кулибали, кој намали на 2-1.

Сепак, во второто полувреме Ленс повторно ја презеде контролата, а победата и историскиот трофеј ги потврди Абдала Сима со голот во 78. минута за конечни 3-1. Со овој триумф, Ленс на најдобар можен начин ја заокружи извонредната сезона во која долго време беше сериозен конкурент на Пари Сен Жермен и во трката за титулата во Лига 1.