• Горан Упале
Екипата на Ленс конечно стави крај на „црната“ серија во Лига 1 и по четирите врзани порази им се врати на победничките патеки и тоа со триумф на гостувањето кај фаворизираниот Олимпик Марсе (0-1)ј.
Натпреварот на „Велодром“ беше решен длабоко во судиското надополнување, откако молк на трибините и големи три бода на гостите донесе Нил Ел Ајнауи во 94. минута. Со овој пораз гигантот од Марсеј речиси сигурно ги загуби надежите за шампионскиот трофеј, затоа што на девет кола до крајот на сезоната заостанува цели шеснаесер бода во однос на лидерот ПСЖ. Ленс, пак, со вечерашниот три бода се врати во трката за Европа и се доближи на само три бода до Лион, кој е на шестото место.
Во битката за местата кои што водат во Лигата на шампионите, денес екипата на Лил извојува огромна победа над „фенерџијата“ Монпелје (1-0). Херој на домашниот тим беше Давид, кој мрежата на противникот ја затресе на стартот од вториот дел.