• Сашо Поповски

Воведниот дуел од 15. коло во Лига 1 донесе нерешен резултат меѓу Ленс и Анжер (2-2).
- Извештај од натпреварот:
По почетното испитување на силите, резултатот го отвори Софиан Буфал. 28-годишникот погоди за 0-1 и го шокира домаќинот. Сепак, Ленс возврати со два брзи гола во второто полувреме и направи пресврт.
Какута и Сокота беа прецизни за домашната екипа, која од тој момент започна да го контролира мечот. Меѓутоа, Роман Томас се најде на вистинското место по еден центаршут и со глава вторпат ја затресе мрежата на Жан-Луис Лека.
Со ремито и двете екипи останаа во горниот дел на табелата. Ленс е четврти со 25, а Анжер го следи на шестото место со 22 бода на своето конто.