ВИДЕО: Ленс и Лил со домашни триумфи пак во најдобрата четворка на Лига 1

Фудбалерите на Ленс се пробија до третото место во француската Лига 1, откако славеа со сигурни 3-0 (1-0) над екипата на Лориент во натпреварот од единаесеттото коло. 

Творци на триумфот за домашниот тим беа Одсон Едуард, Самсон Баиду и Весли Саид, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, носејќи важни три бода за својот колектив. 

Ленс сега има 22 бода на табелата, два повеќе од четвртопласираниот Лил, кој со минимални 1-0 го надигра Анжер. 

Екипата на Мец се избори за гостински триумф кај Нант (0-2), додека Тулуз и Ле Авр ги поделија бодовите во ремито со конечни 0-0.