ВИДЕО: Ленс го сруши Лион и му го нанесе првиот пораз во Лига 1!

Ленс славеше над Лион со 2-1 во дербито од шестото коло во француската Лига 1, прекинувајќи ја серијата на гостите без пораз во првенството.

  • Извештај од натпреварот:

Флоријан Сотока го донесе водството за домаќините во 36. минута, а Мате Удо во 76. минута зголеми на 2-0. Сепак, завршницата донесе драма, откако Удо доби црвен картон шест минути пред крајот, а Калил Мера веднаш намали на 2-1. Лион се обиде да се спаси од пораз во последните минути, но Ленс издржа и ги освои трите бода.

Со оваа победа Ленс се искачи на седмото место на табелата, додека Лион остана втор и пропушти шанса да го преземе врвот од Монако.