ВИДЕО: Ленс го освои „Велодром“, Марсеј никако да победи во Лига 1

Ленс

Ленс победи на гостувањето кај Олимпик Марсеј (0-1) во заостанат натпревар од деветтото коло во Лига 1. Гостите скокнаа неколку позиции на табелата и застанаа веднаш зад денешниот ривал.

Моментот на одлука се случи по еден час игра. Банза се најде на вистинското место и немаше проблеми да го совлада противничкиот голман. Неговиот удар со глава пресуди на денешната средба, на која гостинскиот тим доминираше и заслужено се врати дома со бодовите.

  • Извештај од натпреварот: 

Слободниот удар на Паје беше единствена закана по голот на Ленс, кој можеше да ја зголеми предноста во финишот. На крај се задоволи со минималец и победнички го напушти „Велодром“.

Марсеј продолжи да се мачи и четврти меч во низа не знае за победа во домашното првенство. Притисокот врз Виљас Боас се зголемува, кој би можел да биде заменет, ако нешто не се промени во блиска иднина.