• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Ленс го победија Олимпик Марсеј со 2-1 во дербито на 9. коло од Лига 1. Натпреварот на колото беше целосно разочарување за Роберто де Зерби, чиј тим влезе во ова коло како лидер во првенството. Сепак, никогаш не е лесно да се игра на „Болар Делелија“, особено не оваа сезона против атрактивен Ленс, полн со инспиративни играчи како Флоријан Товен, Адриен Томасон, Мамаду Сангаре...
Олимпик Марсеј беше тој што го отвори натпреварот подобро благодарение на импресивниот Мејсон Гринвуд, кој погоди по додавање од Тимоти Веа и ја испрати топката во мрежата на беспомошниот Робин Рајзер во 17. минута. Сепак, одговорот дојде и од пенал што го реализира Бенџамин Павар. Флоријан Товен, човекот кој ја носи екипата на Ленс цела сезона, доби можност, но не сакаше да изведе пенал против својот поранешен клуб и му ја предаде топката на Одсон Едуар, кој го принуди Џеронимо Рулио на капитулација со „паненка“.
- Извештај од натпреварот:
Така, по 23 минути беше 1-1, но Ленс не се предаде. Павар си постигна автогол во 53. минута и го доби епитетот трагичар на натпреварот. Тимот на Де Зерби не успеа да се врати резултатски и така Ленс сега е веднаш до ПСЖ, додека Олимпик Марсеј останува трет, завршувајќи негативна недела и во Европа и во Франција.







