ВИДЕО: Ленс декласиран во Лил, ПСЖ се смее на врвот на Лига 1

Во дербито на 28, коло од француската Лига 1, Лил убедливо го победи Ленс со 3-0 пред своите гледачи. Со овој триумф, Лил се искачи на третото место со бод повеќе, но и натпревар повеќе од Олимпик Марсеј, додека Ленс останува на втората позиција со 59 бода. Победата на Лил ги израдува и навивачите на Пари Сен Жермен, кои ја задржаа предноста од четири бода пред Ленс на врвот на табелата, а имаат и еден натпревар помалку.

Овој епилог го најави Харалдсон, кој кон крајот на првото полувреме, во 44. минута од натпреварот, одлично го следеше пробивот на Фернандез-Пард по левата страна и ја смести топката во мрежата (1-0). По само четири минути игра во второто полувреме, веќе беше 2-0 за Лил, откако Феликс Кореа го совлада голманот Рисер. Тоа беше клучниот момент што го одреди понатамошниот тек на натпреварот.

  • Извњштај од натпреварот:

И кога домашните фудбалери изнудија пенал во 58. минута, кој Фернандез-Пард го реализира, стана јасно дека тимот на Ленс ќе мора да се помири со седмиот пораз од почетокот на сезоната во Лига 1.