ВИДЕО: Лено „заплива“ во празно, Остин казни – Арсенал загуби по 14 меча во ПЛ!

Англискиот гигант Арсенал по 14 натпревари во низа конечно ja почувствува горчината на поразот во Премиер лигата, откако по супер-атрактивен натпревар загуби на гости кај Саутемптон со минимални 3-2. За „светците“ оваа победа е само втора во новата сезона на англискиот шампионат, а најзаслужен за неа е резервистот Черло Остин, кој ја искористи грешката на Лено и ги расплака „топџиите“.  

Мечот на „Сент Мери“ започна со зицер на Обамејанг во 5. минута, но домашниот голман Мекарти навремено го затвори аголот и успешно интервенираше. И за денешниот дуел Унаи Емери имаше сериозни проблеми со составувањето на одбранбената линија, па заради повредата на два часа пред мечот на Холдинг, беше приморан од првата минута да истрча со капитенот Кошелни (кој ги одигра првите минути по пауза од повеќе од шест месеци), десниот бек Лихтштајнер и играчот за врска Гранит Џака

Токму дупката во дефанзивата беше кобна за Арсенал во 20. минута, кога Ингс на асистенција на Таргет со глава го стресе Лено и донесе водство за Саутемптон од 1-0. Радоста на домашните фанови кратко траеше, откако Арсебал брзо се врати во игра и по една тимска акција, Михтарјан беше прецизен за израмнување на резултатот на 1-1. 

Но, супер-возбудливото прво полувреме беше крунисано со нов гол, откако позајмениот фудбалер на Ливерпул, Ингс со глава повторно го надмудри Лено за ново водство на „светскице“ од 2-1, резултат со кој се замина на одмор. 

За проблемите на Емери да бидат уште поголеми во 44. минута се повреди Белерин, па мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе францускиот голгетер Лаказет. 

Лудиот меч во Саутемптон продолжи и на стартот на вториот дел, кога Михтариан го посака среќата и од блокот на Ромеу ја смести топката зад грбот на Мекарти, за ново израмнување на Арсенал (2-2). Избраниците на новиот менаџер на Саутемптон, Ралф Хазенхутл не се предадоа и до крајот на мечот имаа уште неколку шанси за ново водство, а во 75. минута Шеј Лонг го совлада Лено, но линискиот судија го подигна знаменцето за недозволена офсајд ситуација. Сепак, во самиот финиш од мечот нововлезениот Чарли Остин ја казни почетничката грешка на Лено и со прецизен удар со глава донесе огромана домашна радост и го постави конечните 3-2. 

Денешната програма од 17. коло на англискиот шампионат ќе биде затворана со големото островско дерби меѓу лутите ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед, меч кој се игра на „Енфилд Роуд“ со почеток од 17:00 часот.