ФОТО: Лена ја напушти Теута и се пресели во Кукеши кај Емини

Нијаз Лена, фудбалерот кој има неколку настапи за најдобрата фудбалска селекција на Македонија, и седма сезона по ред ќе настапува во шампионатот на Албанија, потпишувајќи договор со екипата на Кукеши.

Искусниот играч од средината на теренот кој има шампионска титула во ПМФЛ со екипата на Македонија ЃП, по само шест месеци минати во редовите на Теута се реши одново да ја смени клупската средина. Лена потпиша со екипата на Кукеши, во чии редови од зимово со голем успех настапува Изаир Емини.

Кога сме кај Лена да кажеме дека тој најголем дел од кариерата, цели пет сезони мина во редовите на Фљамуртари.