ВИДЕО: Лемар во финишот стрелаше за нова победа на Атлетико

Атлетико Мадрид во рамките на 33. коло од Примера на гостински терен со гол во самиот финиш го совлада Еибар со 0-1 и се доближи на шест бода до Барселона, која има и натпревар помалку.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Чоло Симеоне беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, за разлика од домаќините кои главно беа ориенитрани на одбрана и на чување на почетните 0-0. Баскијците одолеваа на нападите на „јорганџиите“ се до 85. минута, кога Коке одлично ја избегна офсајд-стапицата и додаде до слободниот Тома Лемар, кој небранет од никого го матира домашниот голман (0-1). Во финишот домаќините се обидуваа да го избегнат поразот, но нивните обиди беа безопасни по голот на Облак, па 0-1 остана конечен резултат.

Селта Виго во денешниот прв натпревар славеше важна победа во битката за опстанок, против директниот конкурент Џирона со 2-1. Стрелец на водечкиот погодок за тимот од Виго беше Јаго Аспас, а во вториот дел гостите преку Порту израмнија на 1-1. Победоносниот гол го постигна Буфал во 69. минута.

  • Извештај од натпреварот: