• Зоран Мишевски

Шпанскиот тим Реал Бетис го совлада Арсенал со 3-1 во претсезонски пријателски натпревар на распродадениот стадион „Авива“ во Даблин, Ирска.
Сите четири погодоци беа постигнати во динамичното прво полувреме. Родриго Рикелме погоди од непосредна близина на далечната статива по грешка на голманот на Арсенал, Кепа Аризабалага и го отвори резултатот во деветтата минута. По еден корнер Шпанците го зголемија водството на.0-2.
Нелсон Деоса ја дуплираше предноста на Бетис со спектакуларен „проектил“ од околу 25-30 метри директно во горниот агол. Пјеро Инкапие во 32. минута: намали за Арсенал со гол со глава по нафрлањето од корнер на новото засилување Кристос Цолис.Финалните 1-3 ги постави Пабло Форналс пред паузата, казнувајќи ја евтино загубената топка на Каи Хаверц во средниот ред.
И покрај тоа што менаџерот на Арсенал, Микел Артета, започна со силен стартен тим, составен од првотимци, лошото дефанзивно издание и неколкуте индивидуални грешки скапо ги чинеа „топџиите“. Во второто полувреме беа направени голем број замени од двете страни, по што темпото опадна и мрежите мируваа.









