ФОТО: Лекарите имаа работа во ФА Купот - еден дупна глава, друг остана без заби!

Дуелот меѓу Шроусбери и Вест Хем заврши без голови (0-0), но затоа лекарскиот тим имаше доста работа поради грубата игра на двете страни.

Кај домашните тешка повреда заработи Мет Седлер, додека кај „чеканите“ од Премиер лигата, со повреда се здоби ирскиот репрезентативец Џош Кулен.

Фудбалерот на Шроусбери при еден дуел заврши со дупната глава и крв прскаше на сите страни, додека Кулен нема по добро да го памети овој меч затоа што остана без два заба откако доби удар в лице.

Херој на „чеканите“ на овој меч беше голманот Џо Харт, кој бранеше одлично и во финишот со своите интервенции го остави тимот во игра за наредна фаза на ФА Купот.