ВИДЕО: Лех како Вардар ја доби Лозана, Слован првпат победи пред Шкендија

Фудбалерите на Слован Братислава ја забележаа првата победа во Конференциската лига и му го нанесоа првиот пораз на Рајо Ваљекано (2-1) во натпреварот кој се играше во рамките на четвртото коло.

Гостите од Шпанија поведоа преку Фран Перез во 24. минута и ја задржаа предноста до паузата меѓу двете полувремиња, но потоа Словаците одиграа маестрален втор дел и заслужено ги впишаа бодовите на своето конто.  Грузиецот Гурам Кашија израмни на 1-1 по само четири минути игра во второто полувреме, а конечните 2-1 беа дело на Аласана Јирајанг, кој биеше прецизно три минути подоцна. Словачкиот шампион така со победа ќе игра со Шкендија во следната рунда.

На останатите натпревари во истиот термин беа забележани уште неколку интересни резултати. Полскиот Раков го совлада австрискиот Рапид со убедливи 4-1, Зрињски со конечни 2-1 славеше над шведскиот Хакен, Аз Алкмар со 2-1 го победи Шелбурн, Лех Познањ ја надигра Лозана со конечни 2-0 и стана вториот тим кој ги победил Швајцарците во евро-куповите оваа сезона по Вардар, а Сигма Оломуц го победи словенечкиот Целје со конечни 2-1. Украинскиот Динамо Киев беше поразен од Омонија со 2-0.

Триумф забележа и екипата на Хамрун од Малта, за која ова е историски резултат во европските натпреварувања (3-1). Минимална победа со конечни 2-1 извојува и екипата на Универзитатеа Крајова, која го изненади германскиот бундеслигаш Мајнц 05.