• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во англиски Барнли, откако му заврши позајмицата во Јагиелонија. Сепак, напаѓачот нема да остане во повратникот во Премиер лигата, и веќе е во потрага по нова средина.
Како што пишуваат полските медиуми, Легија Варшава покажа интерес и веќе ја истражува ситуацијата со Дарко Чурлинов. Но, многу веројатно нема да се реализира овој трансфер. Наводно, Македонецот сака да се испроба во посилна лига од полскиот шампионат.
Репрезентативецот на Македонија претходната сезона ја помина во Јагелонија Бјалисток, каде што одигра 43 натпревари, постигна седум гола и имаше четири асистенции.

