• Сашо Поповски
Фудбалерите на варшавска Легија се нови шампиони на Полска. Трофејот беше обезбеден со триумф над Краковија.
Рутинската победа беше запишана со два гола, кои беа доволни за прослава на 14-титула во домашното првенство. Прославата се одржа на брод, а фотографии кои ја прикажаа амтосферата беа споделени на социјалните мрежи.
— Legia Warszawa / Mistrz Polski (@LegiaWarszawa) July 11, 2020
Овој меч беше одмазда за поразот од истиот ривал во полуфиналето на Купот на Полска оваа недела.