• Мартин Танасковски
Дуелот меѓу Вардар и Црвена Звезда разбуди многу спомени. Пред се кај постарите љубители на „екс-ју“ лигата. По повод хуманитарниот меч, во Скопје дојдоа бројни легенди на српскиот клуб, а исто така присуствуваа и десет вардарови легенди.
Во името на Вардар, присутни беа Кочо Димтровски, Ѓоре Јовановски, Цоле Урошевиќ, Боби Бабунски, Сашо Тодоровски, Вујо Станојковиќ, Илија Најдоски, Ванчо Балевски, Коки Аврамовски и Зоран Бошковски - Чоко.
Кај Црвена Звезда исто така имаше бројни гости, тоа беа Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ Пижон, Цвјетин Благојевиќ, Здравко Боровница, Дејан Лекиќ, Неделко Милосављевиќ, Станислав Караси, Горан Попов, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Жарко Ѓуровиќ, Санибал Ораховац, Владислав Мирковиќ и Душко Тошиќ.
Сите продефилираа на полувремето, се поздравија со навивачите и уживаа во спектаклот.