• Саше Љолес

ФК Скопје го промовираше новиот стручен штаб кој ќе го предводи тимот во продолжението од сезоната. На чело на екипата ќе биде Иван Варадиновски, додека негови помошници ќе бидат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ.
Посебна симболика носи враќањето на Варадиновски и Настевски во клубот. Двајцата во минатото како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а сега повторно се дел од клубот, но во нова улога.
Новото тренерско трио ќе има задача да го предводи тимот во продолжението од сезоната и да донесе нова енергија во екипата. Тимот досега нема победа во Првата македонска лига.
Со само три освоени бодови се наоѓа на дното од првенствената табела, а во следното коло го очекува дуел со екипата на Вардар,.
