• Мартин Танасковски

Творецот на модерниот Динамо Загреб, легендарниот Здравко Мамиќ, се радуваше на уште еден медал кој го донесоа играчи од таборот на „модрите“. Хрватска ја победи селекцијата на Мароко (2-1) во малото финале во Катар, а реакцијата на популарниот „Мамињо“ се појави на социјалните медиуми.
Мамиќ, кој моментално е во Меѓугорје (БиХ), го поздрави успехот на Хрватска и кажа дека срцето му е полно. Јошко Гвардиол и Мислав Оршиќ од Динамо беа стрелци на натпреварот за третото место, а тука е и голманот Доминик Ливаковиќ.
„Третпат на последните седум Светски првенства, Хрватска е на пиедесталот во конкуренција на 211 земји. Земја од 3,5 милиони жители. Вторпат во четири години освојуваме медал. Давид против мнозинството на Голијати.
Девет играчи на Динамо вечерва играа во натпреварот во кој Хрватска донесе светска бронза, а двајца стрелци се наши „дијаманти“. Срцето ми е полно!
Браво Далиќ, браво момци!“, гласи пораката на Мамиќ.
Динамо Загреб од овој успех како клуб ќе заработи два милиони евра затоа што дава играчи на Светското првенство. Светслата фудбалска федерација (ФИФА) ги наградува екипите со играчи, а исто придобивки носат и оние кои се продадени, а потекнуваат од загрепскиот гигант.