Легендата останува: Хоакин до 2023 верен на Бетис

Хоакин

Поранешниот шпански репрезентативец Хоакин го продолжи договорот со екипата на Бетис.

Ветеранот ќе продолжи да помага со своето искуство до летото 2023 година. Тој е дете на „зелено-белите“ и ја игра втората етапа во клубот. 40-годишникот се промовира во тимот од Андалузија. Потоа ги докажа квалитетите во Валенсија, Малага и Фиорентина, па во 2015 година одново се врати на познат терен на „Бенито Виљамарин“.

Бетис ланската сезона во Примера ја заврши на одличното петто место и ќе игра во групната фаза во Лига Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.