Легендата на Рома се докажа и доби нов договор

Сопственичката структура на Рома се реши да му ја довери довербата на Даниеле Де Роси и за наредната сезона. 

Клупската легенда дојде како привремено решение на клупата на „волчицата“ по заминувањето на Жозе Мурињо, меѓутоа тимот под негово водство изгледа одлично. Де Роси успеа да ја „разбуди“ Рома и на 16 натпревари запиша 11 победи, три ремија и два порази. 

Поради тоа челниците на клубот се решија да го остават Даниеле Де Роси на клупата и следната сезона. Во соопштението не беше прецизирано колку ќе трае новиот договор на Италијанецот, меѓутоа јасно е нагласено дека останува по крајот на оваа сезона.

Рома е во битка за место во Лигата на шампионите преку Серија А, додека во Лигата на Европа има гол предност пред реваншот со Милан во четвртфиналето.