ВИДЕО: Легендата на Манчестер Јунајтед ја посети „Маракана“, па ги бараше Ѓоковиќ и Видиќ

Поранешните фудбалери Патрис Евра и Парк Џи Сунг го посетија музејот на Црвена Звезда. Поранешните асови на Манчестер Јунајтед и соиграчите на легендарниот Немања Видиќ имаа можност да уживаат во трофеите на „Маракана“.

„Легендите на Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон ја искористија можноста дополнително да се запознаат со богатата историја на српскиот шампион клуб со обиколка на Музејот на Црвена Звезда“, напиша Црвена Звезда.

Што се „крие“ од оваа посета сè уште не се знае, а Црвена Звезда засега не сакаше ништо да открие на социјалните мрежи.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra)

Французинот прилично се забавуваше при посетата на Белград, а тоа најдобро може да се види на неговиот Инстаграм профил, на кој има видео како тој ги бара своите големи пријатели Видиќ и Ѓоковиќ.