• Мартин Танасковски

Бугарскиот фудбалски клуб ЦСКА Софија официјално го објави трансферот на своето дванаесетто летно засилување, тоа е легендата на Лидс Јунајтед, Лиам Купер, кој има 284 настапи, од кои 64 во Премиер лигата, во неговите 10 години во клубот.
Во текот на изминатата деценија, Купер стана една од највлијателните фигури во Лидс Јунајтед, ја носеше и капитенската лента и се етаблира како неприкосновен лидер во соблекувалната на клубот од Јоркшир.
Од 2019 година, дефанзивецот исто така има импресивни настапи на 19 натпревари за шкотската репрезентација. Купер е роден на 30 август 1991 година, а неговите први минути во англиската Премиер лига беа на 26 септември 2009 година против Ливерпул на Енфилд.