ФОТО: Легендата на Јунајтед со провокација до Ливерпул по епскиот пресврт во Амстердам! 

Екипата на Тотенхем ја расплака цела „Јохан Кројф Арена“ и го остави без зборови фудбалските фанови по вчерашниот епски пресврт во полуфиналето на Лигата на шампионите против Ајакс

Англискиот тим со голот на Лукас Моура во 96. минута за првпат во клупската историја ќе игра едно финале на европската елита, а големиот успех допре и до легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил. Поранешниот капитен на „ѓаволите“ не остана имун на историскиот успех на „петлите“ и преку твит им ја честиташе победата, а воедно испрати и провокација до големиот ривал Ливерпул

„Навистина, тие го заслужуваат овој трофеј“, напиша Невил, објавувајќи го логото на Тотенхем. 

Големото финале на Лигата на шампионите по 11 години повторно е сочинувано од две англиски екипи. Истото е закажано за 1 јуни во Мадрид.