• Зоран Мишевски

Шпанската генерација која стана светски и европски првак полека се префрла во тренерски води. Поранешниот врвен напаѓач, Фернандо Торес продолжува да напредува во тренерската кариера, во следната сезона ќе го води Б тимот на Атлетико Мадрид.
Торес ставил потпис на договор со Атлетико Мадрид и наскоро ќе почне со работа. Легендата на Ливерпул и Атлетико претходно го водеше тимот на гигантот од Мадрид до 19 години.
Торес како фудбалер излезе од школата на Атлетико Мадрид, за кој дебитираше во сениорска конкуренција. Таму играше од 2001 до 2007, па од 2015 до 2018 година.