Легендата Хрубеш именуван за нов тренер на Хамбургер

Поранешниот европски првак и култен клуб во Бундеслигата, Хамбургер именува нов тренер на три кола до крајот на натпреварувањето во второлигашката конкуренција во земјата на четирикратниот светски првак. Имено, Хамбургер денес го именува Хорст Хрубеш за тренер на екипата и нему му е доверена улогата на спасител во битката за промоција во Бундеслигата или најмалку место во баражот со 16-то пласираната екипа од првата лига.

Хрубеш е легенда на Хамбургер, и во 70-тата година од животот првпат седнува на клупата на клубот во кој мина пет сезони, стекна светска слава и освои европска титула. Некогашниот напаѓач има тренерска кариера од 35 години, а водеше клубови од Германија, Австрија и Турција. Еден период Хрубеш беше селектор на германската олимписка репрезентација и на У21 националниот тим.

На три кола до крајот на Цвајте, Хамбургер е третопласиран со 52 бода, но се наоѓа под закана да биде минат од Холштејн Кил, кој има три заостанати натпревари.