• Саше Љолес
Поранешниот славен чешки тренер, Зденек Земан, доживеал мозочен удар и во моментов се бори за живот, јавија италијанските медиуми.
Тој се наоѓа на интензивна нега, а неговата состојба е стабилна, но се извршуваат дополнителни испитувања и анализи. Минатата сезона беше тренер на Пескара, од каде замина поради проблеми со срцето, а потоа доживеа и помал мозочен удар.
Земан е легендарен тренер кој предводеше многу европски клубови, но најмногу работеше во Италија, каде беше тренер на Палермо, Рома, Ликата, Авелино, Фоџа, Парма, Месина, Лацио, Наполи, Салернитана, Лече, Бреша и Каљари.
77-годишниот тренер важи за еден од најдобрите во историјата со потекло од Чешка, но скоро целиот свој живот го мина во Италија.