Легендарниот Ван Нистелрој е нов тренер на холандски ПСВ

Славниот голгетер и екс-репрезентативец на Холандија, а сегашен тренер, Руд ван Нистелрој доби голема задача и од следната сезона ќе го води еден од најголемите клубови во земјата на „лалињата“.

45-годишниот Нистелрој ќе биде тренер на ПСВ Ајндховен. Актуелниот предводник на тимот Роџер Шмид си оди по крајот на актуелната сезона, па неговото место ќе го заземе легендарниот напаѓач.

Ван Нистелрој работеше во ПСВ од 2016 година и раководеше со младинските категории. Тренерската кариера му е на почетокот и ова ќе биде неговиот прв сериозен ангажман. Тој има искуство и во репрезентацијата на Холандија каде беше помошник.

ПСВ во моментов е на второто место во Ередивизие лигата со 64 бода.