Легендарниот Тиери Анри разговарал со Клоп за тренерската функција во РБ Лајпциг

Тиери Анри следната сезона би можел да седне на клупата на Ред Бул Лајпциг. Според информациите од Германија, човекот кој е заслужен за стручниот штаб на клубот, Јирген Клоп, разговарал со францускиот ас за преземање на тимот по крајот на сезоната.

Изгледа дека изборот на Клоп за нов тренер се стесни на Тјери Анри и Оливер Гласнер, со кого имаше разговор пред три недели. Имено, менаџерот на Кристал Палас е многу запознат со филозофијата на франшизата на Ред Бул, бидејќи веќе работеше во Салцбург како спортски координатор.

РБ Лајпциг на четири кола пред крајот на Бундеслигата е на посакуваното четврто место кое води во Лигата на шампионите, но му се закануваат Фрајбург, Мајнц и Борусија Дортмунд. Тимот има многу тежок распоред до крајот на шампионатот, бидејќи прво гостува во сабота кај Ајнтрахт Франкфурт, потоа го пречекува Баерн Минхен, оди кај Вердер Бремен и на крајот „вкрстува копја“ со Штутгарт.

Инаку, по завршувањето на оваа сезона на нашиот репрезентативец Ељиф Елмас му завршува позајмицата во Торино и ќе се врати во РБ Лајпциг, но под чие водство наскоро ќе се дознае.