Легендарниот шпански судија: Винчиќ го загуби компасот, го уништи натпреварот!

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија со 4-3 на гостувањето кај Баерн Минхен во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите и со вкупни 6-4 беа елиминирани од натпреварувањето. Еден од клучните моменти на средбата беше црвениот картон за Едуардо Камавинга во 84. минута кој крена огромна прашина. 

<<< - ПОВРЗАНО - На Мбапе не му се веруваше: Се „збуни“ ли Винчиќ кога го исклучи Камавинга? (ВИДЕО)

По натпреварот свој коментар за ситуацијата даде легендарниот шпански судија Матеуз Лахоз кој не го штедеше својот словенечки колега.

„Судијата Винчиќ направи огромна грешка. Го загуби фокусот, никогаш не сум видел вакво нешто. Јасно видливо беше дека судијата беше деконцентриран. Потегот на Камавинга можеби беше за прв жолт картон, ама дефинитивно не беше за втор. Судијата го загуби компасот во менаџирањето со картоните, а тоа максимално ги здрма играчите на Реал. 

Неговото менаџирање беше прелошо, не сум видел судија да биде толку неконзистентен досега, застрашувачки е. Тој инцидент не е за црвен картон во никакви услови, Винчиќ се загуби водејќи го мечот. Нема логика судија кој е делегиран за четвртфинале да менаџира така со картоните, го уништи натпреварот“, изјави Лахоз.

Коментарите и жалбите нема да променат ништо бидејќи Баерн Минхен го продолжува својот пат во Лигата на шампионите и ќе игра полуфинален двомеч со ПСЖ.