ВИДЕО: Легендарниот Роналдињо ќе навива за Македонија на ЕП!

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо преку видео-порака ѝ испрати поддршка на Македонија за настапот на претстојното Европско првенство (ЕП).

На социјалната мрежа „Инстаграм“ се појави видео од фудбалскиот великан кој порача - „Здраво, пријатели! Среќно на ЕП! Напред Македонија!“.

  • Видеото на Роналдињо:

Македонија настапот на ЕП 2020 го стартува в недела, кога се среќава со Австрија.