Легендарниот Ребров нов предводник на Ференцварош и Спировски

Легендарниот украински фудбалер и некогашен соиграч на Андреј Шевченко во редовите на Динамо Киев, и официјално е назначен за нов предводник на тимот на Ференцварош, каде настапува и нашиот репрезентативец Стефан Спировски.

Унгарскиот тим одлично ја започна новата сезона во домашниот шампион. По четирите победи во низа, во последното коло ремизираше со Пакси, по што следуваше неочекуван отказ на германскиот стратег Томас Дол. Сепак, раководството на тимот експресно ја пронајде замената за Дол и го назначи Ребров за нов тренер. 

„Голема благодарниот до Ференцварош за укажаната доверба. Исто така сакам да му се заблагодарам на мојот претходник за работата што ја вршеше тука и му посакувам среќа во иднина. Овој клуб има високи цели, треба да игра допадлив фудбал и да биде на врвот на табелата во домашниот шампионат. Мислам дека можеме да стигнеме до тоа“, рече Ребров по промоцијата. 

По пет одиграни кола Ференцварош е на првата позиција на табелата со вкупно 13 бода, а нашиот репрезентативец беше стартер на сите натпревари оваа сезона под водство на Дол.