Легендарниот напаѓач на Челзи и Барса му се нуди на Чапекоенсе

Легендарниот исландски напаѓач, Ејдур Гудјонсен, му се понуди на малиот бразилски клуб Чакепоенсе, кој пред скоро една седмица во авионска несреќа ги загуби скоро сите фудбалери и членови на стручниот штаб. 

„Доколку имаат место за мене, искрено би сакал да го облечам дресот на овој клуб“, напиша поранешниот голгетер на Челзи и Барселона. 

Одличен гест на 38-годишниот Гудјонсен, кој моментално е без клуб и без никакви трошоци може да потпише за бразилскиот клуб.