• Мартин Танасковски
Некогашниот аргентински фудбалер Карлос Тевез има ново работно место и е поставен за тренер во Аргентина.
Тевез е назначен за нов тренер на екипата на Индепендјенте. Доаѓа на местото на Алберт Зиелински кој си поднесе оставка по домашниот пораз од Колон. За Тевез ова ќе биде втор тренерски ангажман во кариерата.
Минатата година популарниот Апаче работеше во Розарио Централ, ама си поднесе оставка по пет месеци.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.