ВИДЕО: Легендарниот Христо Стоичков ги пречека македонските ветерани во Варна

Фудбалските ветерани на Македонија пристигнаа во Варна, каде ќе одиграат пријателски хуманитаре натпревар со бугарските легенди, а сите средства од билетите ќе бидат пренаменети за настраданите во кочанската трагедија. 

Нашите екс-репрезентативци беа топло пречекани од легендарниот Христо Стоичков, кој ќе биде во тимот на Бугарија, а натпреварот ќе се одигра со почеток во 17:00 часот. 

Македонија на овој меч ќе биде претставена од многу поранешни славни фудбалери, меѓу кои се Горан Пандев, Данчо Целески, Зоран Мицевски, Илија Најдоски, Благоја Милевски, Игор Митревски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Горан Георгиевски, Марјан Стојковски, Тони Мицевски, Неџмедин Мемеди, Ванчо Трајанов, Дарко Тасевски и Драган Канатларовски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски, Агим Ибраими, Артим Шаќири, Арџент Бекири и Ванчо Мицевски. 

На клупата во нашиот состав ќе биде искусниот Ѓоко Хаџиевски, кој воедно е најтрофеен тренер во историјата на Првата македонска фудбалска лига.