Легендарниот германски ас се враќа кај „панцерите“ за претстојното ЕП?

Германските медиуми објавија помалку сензационална вест за сите навивачи на репрезентацијата која се подготвува за домаќинство на следното Европско првенство. 

Се работи за легендарниот играч на Реал Мадрид, Тони Крос, кој би можел после скоро четири години да се врати во националниот тим и да заигра на континенталниот собир. Иако фудбалерот на Реал Мадрид нема повик за „панцерите“ од 2021 година, тоа би можело да се промени и ќе има прилика на најубав можен начин да се збогува од репрезентативниот фудбал. 

Германецот неколку пати изјавуваше дека сака да се пензионира додека е во топ-форма, а сезонава навистина игра одлично и повторно е еден од клучните поединци во составот на Карло Анчелоти. Добрите игри не минаа незабележано од јавноста, а неговото враќање многу наскоро би можел да го потврди и селекторот Јулијан Нагелсман. 

34-годишниот Тони Крос важи за вистинска легенда на германскиот фудбал, во дресот на националниот тим настапи 106 пати и постигна 17 голови, а беше дел од тимот кој го освои Светското првенство во 2014 година, кога во полуфиналето беше „здробен“ силниот Бразил со убедливи 1-7.