• Саше Љолес
Славниот уругвајски напаѓач, Единсон Кавани, официјално го продолжи договорот со Бока Јуниорс и ќе се задржи во легендарниот аргентински клуб до 2026 година.
Кавани пристигна во Бока пред две една година и досега постигна 20 гола на 43 натпревари, со што бргу ги освои симпатиите на навивачите и стана еден од нивните миленици.
37-годишниот Уругваец претходно во кариерата беше дел од Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија. Новиот договор со Бока е со важност до 31 декември 2026 година.