Легендарниот Бербатов загуби, Михајлов остана прв човек на бугарскиот сојуз

Фудбалскиот сојуз на Бугарија одржа избори за нов претседател во наредните четири години. 

Досегашниот прв човек, Борислав Михајлов доби нов мандат, откако го победи легендарниот напаѓач Димитар Бербатов. Иако своевремено напаѓачот уживаше огромна доверба и беше популарен меѓу фановите, бидејќи настапуваше во Премиер лигата, сепак сега загуби. 

Михајлов со 241 глас успеа да го победи Бербатов кој доби 230 гласа. 

„Бугарските фудбалски клубови го реизбраа Борислав Михајлов за претседател во наредните четири години. Пред очите на целата земја, претставниците на клубовите му дадоа поддшка на Михајлов во конкуренција на пет кандидати“, стои во соопштението.

Михајлов во последните 16 години ја води федерацијата на Бугарија. Неговиот мандат е константен, со исклучок на краткиот период кога си поднесе оставка по расни навреди над фудбалерите на Англија, ама бргу потоа се врати на функцијата.