• Саше Љолес
Легендарниот фудбалер на Динамо Загреб и поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, е на прагот на враќање во хрватскиот фудбал.
Неговиот актуелен клуб Ујпешт повеќе не смета на услугите на искусниот играч за врска и му дозволил слободно да го избере следниот клуб во кариерата.
За Адеми веќе постои интерес од два хрватски прволигаши - Горица и Рудеш, кои би можеле да го ангажираат во продолжението на преодниот рок.
Адеми е добро познато име во хрватскиот фудбал, а најголем дел од кариерата го помина во Динамо, со кој освои бројни трофеи и остави длабока трага во клубот каде ужива статус на вистинска легенда.



