Легендарниот Адвокат со два историски подвизи на СП 2026

Легендарниот холандски стратег Дик Адвокат уште еднаш го запиша своето име во историјата на светскиот фудбал.

Со водењето на репрезентацијата на Курасао на натпреварот против Германија во групата Е на Светското првенство 2026, Адвокат стана највозрасниот селектор што некогаш предводел репрезентација на Мундијал.

Холанѓанецот го постави рекордот на возраст од 78 години и 260 дена, надминувајќи го досегашниот рекордер Ото Рехагел. Германскиот стручњак имаше 71 година и 317 дена кога ја водеше Грција на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Но, тоа не е единствениот историски подвиг на Адвокат.

Тој стана и единствениот селектор на Светското првенство кој бил дел и од Мундијалот одржан во САД во 1994 година. Пред цели 32 години, Адвокат беше селектор на својата татковина Холандија и ја водеше на турнирот во САД.